Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 12:1-13

Матеј 12:1-13 MK2006

Во тоа време, една сабота, Исус минуваше преку нивите, а уче­ниците Негови огладнеа, па почнаа да кинат класје и да јадат. Фарисеите, штом го видоа тоа, Му рекоа: „Ете, учениците Твои го прават она што не треба да се прави во сабота!“ А Тој им рече: „Не сте ли читале што направи Давид, кога огладне тој и оние што беа со него? Како влезе во домот Божји, ги изеде лебовите од жртвеникот, што не тре­ба­ше да ги јаде ни тој, ниту оние што беа со него, туку само свештениците. Или, не сте ли читале во Законот де­ка во саботен ден свештениците ја на­ру­шуваат саботата и пак не се виновни? Но Јас ви велам дека тука е Оној Кој е поголем од храмот; и, ако знаевте што значи: ‚Милост сакам, а не жртва‘, немаше да ги осудувате невините; Зашто Синот Човечки е господар и на саботата.“ И штом замина оттаму, дојде во си­на­гогата нивна. И ете, таму беше еден човек, кој имаше исушена рака. И за да Го обви­нат, Го прашаа Исус: „Допуштено ли е во сабота да се лекува?“ А Тој им рече: „Кој е тој од вас, ако има една овца и таа падне во саботен ден во јама, што не ќе ја прифати и из­ва­ди? А колку ли, пак, човекот е поскап од една овца!? И така во сабота е до­пуштено да се прави добро.“ Тогаш му рече на човекот: „Испру­жи ја раката!“ И тој ја испружи. И таа стана здрава како и другата.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност