Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 11:7-15

Матеј 11:7-15 MK2006

А кога си отидоа овие, Исус почна да му зборува на народот за Јован: „Што сте излегле да видите во пустината? Трска ли, што се лулее од ветрот? Но, што излеговте да видите? Човек ли, облечен во меки алишта? Ете, оние што носат меки алишта, по царски па­лати се. Па, што излеговте да видите? Про­рок ли? Да, ви велам, и повеќе од пророк! Зашто тој е оној за кого е на­пи­ша­но: ‚Ете, Јас го праќам Мојот ангел пред лицето Твое; тој ќе го приготви патот Твој пред Тебе.‘ Вистина ви велам: меѓу родените од жена не се јавил поголем од Јован Крс­тител, но најмалиот во царството не­бес­но е поголем од него! А од деновите на Јован Крстител па до сега, царството небесно насила се зема и силните го грабаат, зашто сите Пророци и Законот пророкуваа до доаѓањето на Јован. И, ако сте подготвени да го прифатите, тој е Илија, кој треба да дојде. Кој има уши да слуша, нека чуе!“