Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 11:20-24

Матеј 11:20-24 MK2006

Тогаш почна Исус да ги укорува градовите во кои се извршија повеќето Негови чуда, бидејќи не се покајаа. „Тешко тебе, Хоразине! Тешко те­бе, Витсаидо! Ако во Тир и Сидон беа чуда, што станаа кај вас, тие одам­на би се покајале во вреќиште и пепел; но ви велам: на Тир и на Сидон ќе им биде полесно во судниот ден отколку вам! И ти, Капернауме, што си се воз­дигнал до небото, до пеколот ќе бидеш спуштен; зашто, ако во Содом се беа извршиле чудата што станаа во тебе, тој и до ден денес ќе останеше. Но ви велам дека на земјата Содом­ска ќе ѝ биде полесно на судниот ден, отколку тебе.“