Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 11:16-30

Матеј 11:16-30 MK2006

„А со кого да го споредам овој род? Тој личи на деца што седат по паза­риш­тата, па им довикуваат на своите другари и велат: ‚Ви свиревме и не игравте; ви пеевме жални песни и не плачевте.‘ Зашто дојде Јован, кој не јаде, ниту пие, а тие велат: ‚Демон има во Него.‘ Дојде Синот Човечки, Кој и јаде и пие, и велат: ‚Еве човек ненаситен и пи­јаница, пријател на цариници и греш­ници.‘ Но мудроста се оправда преку своите дела.“ Тогаш почна Исус да ги укорува градовите во кои се извршија повеќето Негови чуда, бидејќи не се покајаа. „Тешко тебе, Хоразине! Тешко те­бе, Витсаидо! Ако во Тир и Сидон беа чуда, што станаа кај вас, тие одам­на би се покајале во вреќиште и пепел; но ви велам: на Тир и на Сидон ќе им биде полесно во судниот ден отколку вам! И ти, Капернауме, што си се воз­дигнал до небото, до пеколот ќе бидеш спуштен; зашто, ако во Содом се беа извршиле чудата што станаа во тебе, тој и до ден денес ќе останеше. Но ви велам дека на земјата Содом­ска ќе ѝ биде полесно на судниот ден, отколку тебе.“ Во тоа време, откако продолжи Исус, рече: „Те прославувам, Оче, Гос­поди на небото и на земјата, зашто си го скрил тоа од мудрите и разумните, а си им го открил на децата! Да, Оче, зашто таква беше вол­ја­та Твоја. Сѐ ми е предадено од Мојот Отец и никој не Го познава Синот, освен Оте­цот; ниту Отецот Го познава некој ос­вен Синот, и кому што сака Синот да Го открие. Дојдете кај Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам. Земете го Мојот јарем на себе и по­учете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за ду­шите ваши. Зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно.“