Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 11:1-24

Матеј 11:1-24 MK2006

И кога ги заврши Исус овие заповеди кон дванаесетте Свои ученици, замина оттаму за да поучува и да проповеда по нивните градови. А Јован, штом чу во затворот за Христовите дела, испрати двајца свои ученици и му рече: „Ти ли си Оној што треба да дојде или да чекаме друг?“ Исус им одговори и рече: „Одете и кажете му на Јован што слушате и што гледате: слепи прогледуваат и сакати проодуваат; лепрозни се очистуваат и глуви прослушуваат; мртви воскреснуваат и на бедните им се проповеда Еван­ге­ли­е­то. И блажен е оној што не се соблазнува поради Мене.“ А кога си отидоа овие, Исус почна да му зборува на народот за Јован: „Што сте излегле да видите во пустината? Трска ли, што се лулее од ветрот? Но, што излеговте да видите? Човек ли, облечен во меки алишта? Ете, оние што носат меки алишта, по царски па­лати се. Па, што излеговте да видите? Про­рок ли? Да, ви велам, и повеќе од пророк! Зашто тој е оној за кого е на­пи­ша­но: ‚Ете, Јас го праќам Мојот ангел пред лицето Твое; тој ќе го приготви патот Твој пред Тебе.‘ Вистина ви велам: меѓу родените од жена не се јавил поголем од Јован Крс­тител, но најмалиот во царството не­бес­но е поголем од него! А од деновите на Јован Крстител па до сега, царството небесно насила се зема и силните го грабаат, зашто сите Пророци и Законот пророкуваа до доаѓањето на Јован. И, ако сте подготвени да го прифатите, тој е Илија, кој треба да дојде. Кој има уши да слуша, нека чуе!“ „А со кого да го споредам овој род? Тој личи на деца што седат по паза­риш­тата, па им довикуваат на своите другари и велат: ‚Ви свиревме и не игравте; ви пеевме жални песни и не плачевте.‘ Зашто дојде Јован, кој не јаде, ниту пие, а тие велат: ‚Демон има во Него.‘ Дојде Синот Човечки, Кој и јаде и пие, и велат: ‚Еве човек ненаситен и пи­јаница, пријател на цариници и греш­ници.‘ Но мудроста се оправда преку своите дела.“ Тогаш почна Исус да ги укорува градовите во кои се извршија повеќето Негови чуда, бидејќи не се покајаа. „Тешко тебе, Хоразине! Тешко те­бе, Витсаидо! Ако во Тир и Сидон беа чуда, што станаа кај вас, тие одам­на би се покајале во вреќиште и пепел; но ви велам: на Тир и на Сидон ќе им биде полесно во судниот ден отколку вам! И ти, Капернауме, што си се воз­дигнал до небото, до пеколот ќе бидеш спуштен; зашто, ако во Содом се беа извршиле чудата што станаа во тебе, тој и до ден денес ќе останеше. Но ви велам дека на земјата Содом­ска ќе ѝ биде полесно на судниот ден, отколку тебе.“