Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 11:1-10

Матеј 11:1-10 MK2006

И кога ги заврши Исус овие заповеди кон дванаесетте Свои ученици, замина оттаму за да поучува и да проповеда по нивните градови. А Јован, штом чу во затворот за Христовите дела, испрати двајца свои ученици и му рече: „Ти ли си Оној што треба да дојде или да чекаме друг?“ Исус им одговори и рече: „Одете и кажете му на Јован што слушате и што гледате: слепи прогледуваат и сакати проодуваат; лепрозни се очистуваат и глуви прослушуваат; мртви воскреснуваат и на бедните им се проповеда Еван­ге­ли­е­то. И блажен е оној што не се соблазнува поради Мене.“ А кога си отидоа овие, Исус почна да му зборува на народот за Јован: „Што сте излегле да видите во пустината? Трска ли, што се лулее од ветрот? Но, што излеговте да видите? Човек ли, облечен во меки алишта? Ете, оние што носат меки алишта, по царски па­лати се. Па, што излеговте да видите? Про­рок ли? Да, ви велам, и повеќе од пророк! Зашто тој е оној за кого е на­пи­ша­но: ‚Ете, Јас го праќам Мојот ангел пред лицето Твое; тој ќе го приготви патот Твој пред Тебе.‘