Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 10:1-8

Матеј 10:1-8 MK2006

И кога ги повика Своите два­наесет ученици, им даде власт над нечистите духови, да ги изгонуваат и да лекуваат секаква болест и секаква не­моќ. А имињата на дванаесетте апостоли се овие: првиот Симон, наречен Петар и Андреј братот негов; Јаков Заведеев и Јован, братот негов; Филип и Вартоломеј, Тома и Матеј, цариник, Јаков Алфеев и Ле­виј, наречен Тадеј; Симон Хананеец и Јуда Искариот, кој и Го предаде. Тие дванаесет души ги испрати Исус и им заповеда, говорејќи: „По пат кон незнабошци не одете и во самарјански град не влегувајте; а одете најнапред кај загубените овци на Израеловиот дом. И одејќи, проповедајте и кажувајте дека се приближи царството небесно; болни лекувајте, лепрозни очисту­вај­те, мртви воскреснувајте, демони из­гонувајте! Бесплатно добивте, бесплатно давајте!