И ете, Јас ќе го испратам гласникот Свој, и тој ќе го приготви патот пред Мене, и ненадејно ќе дојде во храмот Свој, Господ, Кого Го барате, и Ангелот на заветот, кого вие го пожелувате; ете, Тој доаѓа, вели Господ Саваот! Но кој ќе го издржи денот на Неговото доаѓање, и кој ќе издржи, кога ќе се појави Тој? Зашто Тој е како оган, што растопува, и пепелница што чисти, па ќе седне Тој како пречистувач на сребро, и ќе ги очисти синовите на Левиј и ќе ги претопи како злато и како сребро, за да Му принесат жртва со правда.
Прочитај Малахија 3
Сподели
Спореди ги сите верзии: Малахија 3:1-3
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа