Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Малахија 2:1-9

Малахија 2:1-9 MK2006

И така, за вас свештениците е оваа заповед: ако не послушате и не си ставите на срце, за да Му оддадете слава на името Мое, вели Господ Саваот, Јас ќе испратам врз вас проклетство и ќе ги проколнам вашите благослови, и веќе проколнувам, бидејќи вие не сакате ова да го примите на срце. И, ете, јас ќе ви го одземам трудот, и нечистотијата ќе ви ја фрлам врз лицето ваше, нечистотиите од вашите празнични жртви, и ќе ве исфрлам заедно со нив. И тогаш ќе познаете дека Јас ја дадов таа заповед, за да го запазам за­ветот Мој со Левиј, вели Господ Саваот. Заветот Мој со него беше завет за живот и мир, и Јас му го дадов за страв, и тој се боеше од Мене и од името Мое се плашеше. Законот на вистината беше на устата негова, и неправда не се најде на јазикот негов; во мир и правда тој одеше со Мене и многумина одврати од грев. Зашто устата на свештеникот тре­ба да располага со знаење, и Законот го бараат од устата негова, бидејќи тој е гласник на Господ Саваот. А вие застранивте од овој пат, на многумина им послуживте како со­блазна во Законот, го разрушивте заветот на Левиј, вели Господ Саваот. Затоа Јас ве направив презрени и понизени пред сите народи, зашто не ги запазивте патиштата Мои и пристрасно го применувате Мојот Закон.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Малахија 2:1-9

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност