Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 9:51-62

Лука 9:51-62 MK2006

А кога се навршуваа деновите на Неговото воздигнување, Тој одлучи да тргне на пат за Ерусалим; и испрати пред себе гласници; тие отидоа и влегоа во едно самарјанско се­ло да подготват (преноќиште) за Него. Но не Го примија, зашто имаше из­глед на патник што оди во Ерусалим. Кога го видоа тоа учениците Не­го­ви, Јаков и Јован, рекоа: „Господи, са­каш ли да кажеме да падне оган од не­бото и да ги истреби, како што направи и Илија?“ Но Тој се сврте кон нив и ги укори. Потоа отидоа во друго село. А додека тие патуваа, некој Му ре­че: „Господи, ќе врвам по Тебе каде и да одиш.“ Исус му рече: „Лисиците имаат лег­ла и птиците небески гнезда, а Синот Човечки нема каде глава да засолни.“ На друг, пак, му рече: „Врви по Мене!“ А тој одговори: „Господи, допушти најнапред да отидам да го погребам татко ми!“ Но Исус му рече: „Остави ги мрт­ви­те да ги закопуваат своите мртовци, а ти оди и разгласувај го царството Бож­јо!“ Потоа некој друг Му рече: „Гос­по­ди, ќе одам по Тебе, но дозволи ми нај­нап­ред да се простам со своите домаш­ни.“ Исус, пак, му рече: „Никој, што ја ставил раката своја на ралото и погледува назад, не е достоен за царството Божјо.“