Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 8:4-21

Лука 8:4-21 MK2006

А кога се насобра многу народ, и ко­га жителите од секој град доаѓаа кај Не­го, рече во парабола: „Излезе сејач да сее семе. Додека се­еше, едно падна покрај пат и беше из­га­зено, и птиците небески го исколваа; а друго падна на камен, па штом никна, се исуши, зашто немаше влага; едно, пак, падна меѓу трње; и израсна трњето, па го задуши; а друго падна на добра земја, и кога изникна, донесе стократен плод.“ От­ка­ко го рече ова, извика: „Кој има уши да слуша, нека чуе!“ А учениците Негови Го прашаа, велејќи: „Што значи таа парабола?“ Тој рече: „Вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството Божјо, а на другите ќе им се зборува со параболи, да гледаат, а сепак да не видат, и да слу­шаат, а сепак да не разберат! А оваа парабола значи: семето е словото Божјо. Она што падна покрај патот, се оние кои слушаат, но потоа доаѓа ѓа­во­лот и им го зема словото од срцата нив­ни, за да не поверуваат и да не се спа­сат; а она на камен – се оние кои, кога ќе го чујат словото, со радост го примаат; но немаат корен и веруваат некое вре­ме, па штом дојдат искушенијата, тие се откажуваат; тоа, пак, што падна меѓу трње, се оние што го слушаат словото, но от­ка­ко ќе заминат, се гушат од грижи, бо­гатства и наслади од овој живот и не до­несуваат плод; а тоа што падна на добрата земја, се тие што го слушаат словото и го чуваат во добро и чисто срце, и донесуваат плод во трпение.“ Штом го рече тоа, извика: „Кој има уши да слуша, не­ка чуе!“ „Никој не ја поклопува со сад све­ќа­та што ја запалил, ниту ја става под лег­ло, туку ја става на свеќник, за да ја гле­даат светлината оние што вле­гуваат. Зашто нема тајно што не ќе стане јавно, ниту, пак, сокриено што не ќе се разбере и не ќе излезе на виделина. Па затоа: пазете како слушате; зашто, кој има, ќе му се даде; а кој нема, ќе му се одземе и она што мисли дека го има.“ Дојдоа кај Него мајка Му и браќата Негови, и не можеа да се приближат до Него поради народот. И Му јавија, велејќи: „Мајка Ти и браќата Твои стојат надвор и сакаат да Те видат.“ А Тој им одговори и рече: „Мојата мајка и Моите браќа се оние што го слушаат словото Божјо и го исполнува­ат.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност