Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 8:26-56

Лука 8:26-56 MK2006

И пристигна во Гадаринскиот крај, спроти Галилеја. А кога излезе Тој на суво, Го сретна еден човек од градот, кој беше обземен од демони и долго време не облекуваше алишта, и не живееше дома, туку по гробовите. Кога Го виде Исус, викајќи падна пред Него, и гласно рече: „Што сакаш од мене, Ти, Исусе, Сине на Севишниот Бог? Ти се молам, не мачи ме!“ А Исус му беше заповедал на не­чистиот дух да излезе од човекот, зашто долго време го мачеше. Го чуваа во окови, и со ланци го врзуваа, но тој ги раскинуваше оковите и демонот го тераше да оди во пусти места. А Исус го праша, велејќи: „Како ти е името?“ Тој одговори: „Легион“, зашто многу демони беа влегле во него. И Го молеа Исус да не им наредува да одат во бездната. А таму, по ридот, пасеа многу сви­њи; па Го молеа да им допушти да вле­зат во нив. И им допушти. И откако излегоа лошите духови од човекот, влегоа во свињите; и крдото се стркала низ стрмнината и се удави во езерото. Свињарите, кога видоа што се слу­чи, избегаа и раскажаа по градот и око­лината. И излегоа да видат што станало; па кога дојдоа кај Исус, го најдоа човекот, од кого беа излегле нечистите духови, како седи пред нозете Исусови, облечен и со здрав разум; и се исплашија. А оние што беа виделе, им рас­ка­жаа како се излечи бесомачениот. Сиот народ од Герасинскиот крај Го замоли да си оди од нив; зашто се беа уплашиле многу. И Тој влезе во ко­ра­бот и се врати. Човекот, пак, од кого беа излегле демоните, Го замоли да биде со Не­го; но Исус го отпушти, велејќи: „Врати се во домот свој и рас­ка­жу­вај што ти направи Бог!“ Тој си отиде и расправаше по целиот град што му направи Исус. А кога се врати Исус, народот Го пресретна, зашто сите Го очекуваа. И ете, дојде еден човек, по име Ја­ир, кој беше управник на синагогата. Тој падна пред нозете Исусови, и Го мо­леше да појде во домот негов, зашто имаше една единствена ќер­ка на дванаесет години и таа умираше. А кога одеше Исус, народот се туркаше во Него. И една жена, која страдаше дванаесет години од крвавење, и сиот свој имот го беше потрошила по лекари, а ниеден не можел да ја излекува, пристапувајќи одзади, се допре до крајот на Неговата облека и наеднаш ѝ престана крвавењето. И рече Исус: „Кој се допре до Ме­не?“ А бидејќи сите порекнуваа, Му ре­че Петар и оние што беа со Него „Учи­теле, народот Те опколил и Те притиска, а прашуваш: ‚Кој се допре до Мене?‘“ Но Исус рече: „Некој се допре до Мене, зашто сетив дека излезе сила од Мене.“ Жената, штом виде дека не може да се сокрие, со треперење пристапи, па како падна пред Него, Му кажа пред сиот народ зошто се допрела и дека веднаш оздравела. А Тој ѝ рече: „Не бој се, ќерко, ве­ра­та твоја те спаси; оди си во мир!“ Додека Тој уште зборуваше, дојде некој откај началникот на синагогата и Му рече: „Ќерка ти умре; не мачи Го Учителот!“ Но Исус, штом го слушна тоа, одговарајќи му рече: „Не плаши се! Само верувај и ќе биде спасена!“ А кога пристигна во куќата, никому не му дозволи да влезе, освен на Петар, Јован и Јаков, и на таткото и мајката на девојката. Сите плачеа и ридаа по неа. Но Тој им рече: „Не плачете, таа не е умрена, туку спие.“ И Му се потсмеваа, знаејќи дека е умрена. А Тој откако ги истера сите, ја фа­ти за рака и извика, велејќи: „Девојко, стани!“ И се поврати нејзиниот дух, и се дигна веднаш, и заповеда да ѝ дадат да јаде. И се зачудија родителите нејзини. А Тој им заповеда никому да не кажу­ваат за тоа што стана.