И тогаш се сврте кон жената, па му рече на Симон: „Ја гледаш ли оваа жена? Влегов во твојот дом, ти ни вода за нозете не Ми даде, а таа со солзи Ми ги обли нозете и со косата своја ги истри. Ти не ми даде целив, а таа, откако влегов, не престана да ги целива нозете Мои. Ти со миро не ја помаза главата Моја, а таа со миро ги помаза нозете Мои. Затоа ти велам: нејзе ѝ се простени многу гревови, зашто покажа многу љубов. А кому му е простено малку, тој мала љубов има.“ Нејзе, пак, ѝ рече: „Простени ти се гревовите!“ А оние што седеа со Него на трпезата, почнаа да говорат во себе: „Кој е Овој што и гревови простува?“ На жената пак ѝ рече: „Верата твоја те спаси; оди си во мир!“
Прочитај Лука 7
Слушни за Лука 7
Сподели
Спореди ги сите верзии: Лука 7:44-50
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа