Потоа отиде во градот наречен Наин; и со Него одеа Неговите ученици и многу народ. А кога се приближи до градската порта, ете, изнесуваа мртовец, единствен син на мајка си, а таа беше вдовица; и многу народ од градот одеше со неа. Штом ја виде Господ, се сожали на неа, па ѝ рече: „Не плачи!“ И кога се приближи, се допре до носилото; носачите застанаа, а Тој рече: „Момче, тебе ти велам, стани!“ Мртовецот се подигна и седна, па почна да зборува; и Тој го предаде на мајка му.
Прочитај Лука 7
Слушни за Лука 7
Сподели
Спореди ги сите верзии: Лука 7:11-15
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа