Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 6:43-49

Лука 6:43-49 MK2006

„Зашто, нема добро дрво што дава лош плод, ниту лошо дрво, што дава добар плод. Секое, пак, дрво се познава според својот плод; бидејќи не се берат смокви од трње, ниту се бере грозје од капина. Добриот човек од добрата ризница на своето срце изнесува добро, а ло­ши­от човек од лошата лошо, зашто него­ва­та уста го зборува она со што му е ис­полнето срцето.“ „И зошто Ме довикувате: ‚Господи, Господи!‘ а не го извршувате она што ви го кажувам? Ќе ви кажам на кого прилега секој што доаѓа кај Мене, ги слуша зборовите Мои, и ги исполнува. Тој прилега на човек кој градел ку­ќа, па копал длабоко, и поставил темели на камен; а кога настана поплава, реката напна на таа куќа и не можеше да ја помести, зашто беше основана на ка­мен. А оној што слуша и не исполнува, прилега на човек што изградил куќа на земја, без темели; и кога напна реката, веднаш ја урна, и остана голема урнатина од таа куќа.“