Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 6:17-49

Лука 6:17-49 MK2006

Па откако слезе заедно со нив, Тој се задржа на едно рамно место; беа та­му и мнозина Негови ученици и многу луѓе од цела Јудеја и Ерусалим и од приморјето Тирско и Сидонско. Тие беа дојдени да Го слушаат и да се исцелат од болестите свои, а и оние што страдаа од нечисти духови беа из­лечени. И сиот народ сакаше да се допре до Него, зашто од Него излегуваше сила и ги лекуваше сите. А Тој, откако ги подигна очите кон учениците Свои, им говореше: „Бла­же­ни сте вие, сиромашните, зашто ваше е царството Божјо! Блажени сте вие, што сега гладува­те, зашто ќе се наситите! Блажени сте вие, кои сега плачете, зашто ќе се сме­ете! Блажени ќе бидете кога ќе ве намразат луѓето и ќе ве отфрлат и ќе ви нанесат срам, и ќе го разгласат името ваше како лошо, заради Синот Чо­вечки! Зарадувајте се во оној ден и заиграј­те од радост, зашто голема е наградата ваша на небото. Зашто и нив­ните татковци така постапуваа со пророците! Но тешко вам богати, зашто веќе сте ја примиле својата утеха! Тешко вам презаситени сега, зашто ќе огладните! Тешко вам што се смеете сега, зашто ќе заридате и ќе заплачете! Тешко вам кога ќе почнат сите луѓе да зборуваат добро за вас. Зашто и нив­ните татковци така им правеа на лаж­ните пророци! Но вам, што слушате, вам ви велам: љубете ги непријателите свои; правете им добро на оние што ве мразат; благословувајте ги оние што ве колнат, молете се за оние што ве навредуваат! На оној што ќе те удри по едниот образ, заврти му го и другиот; а на оној што сака да ти ја земе наметката, подај му ја и кошулата. Секому, кој ти бара, подај; од оној што зема од тебе нешто, не сакај да ти врати! Па, како што сакате да постапуваат луѓето со вас, така постапувајте и вие со нив! И ако ги сакате оние што вас ве љу­бат, каква ви е наградата? Зашто и грешниците ги милуваат оние што ги сакаат нив. И ако им правите добро на оние што вам ви прават добро, каква ви е на­градата? Зашто и грешниците го прават истото. И ако им дадете заем на оние од кои се надевате дека ќе ви го вратат, каква ви е наградата? Зашто и грешниците им даваат заем на грешници за да им се врати истото. Туку вие љубете ги непријателите ваши и чинете добро, и на заем давајте, не очекувајќи ништо. Така, ќе биде го­лема наградата ваша и ќе бидете синови на Севишниот; зашто Тој е добар кон неблагодарните и кон лошите. И така, бидете милосрдни како што е милосрден вашиот Отец.“ „Не судете и нема да бидете судени, и не осудувајте, за да не бидете осудени; проштавајте и ќе ви биде простено; давајте и ќе ви се даде: мерка добра, набиена, натресена и преполна ќе ви да­дат в пазуви; зашто со каква мерка ме­рите, со таква и ќе ви се мери.“ И им кажа парабола: „Може ли слеп слеп да води? Зарем нема и обајцата да паднат во јама? Нема ученик поголем од својот учител; но секој што ќе се усоврши, ќе биде како и учителот негов. И зошто ја гледаш раската во окото на својот брат, а гредата во своето око не ја забележуваш? Или, како можеш да му кажеш на својот брат: дозволи, брате, да ти ја из­вадам раската од окото твое, кога сам не ја гледаш гредата во своето око? Ли­цемере, извади ја најнапред гредата од своето око, па тогаш ќе видиш како да ја извадиш раската од окото на својот брат.“ „Зашто, нема добро дрво што дава лош плод, ниту лошо дрво, што дава добар плод. Секое, пак, дрво се познава според својот плод; бидејќи не се берат смокви од трње, ниту се бере грозје од капина. Добриот човек од добрата ризница на своето срце изнесува добро, а ло­ши­от човек од лошата лошо, зашто него­ва­та уста го зборува она со што му е ис­полнето срцето.“ „И зошто Ме довикувате: ‚Господи, Господи!‘ а не го извршувате она што ви го кажувам? Ќе ви кажам на кого прилега секој што доаѓа кај Мене, ги слуша зборовите Мои, и ги исполнува. Тој прилега на човек кој градел ку­ќа, па копал длабоко, и поставил темели на камен; а кога настана поплава, реката напна на таа куќа и не можеше да ја помести, зашто беше основана на ка­мен. А оној што слуша и не исполнува, прилега на човек што изградил куќа на земја, без темели; и кога напна реката, веднаш ја урна, и остана голема урнатина од таа куќа.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност