Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 5:17-26

Лука 5:17-26 MK2006

Еден ден, додека Тој поучуваше, се­деа таму фарисеи и законоучители, кои беа дошле од сите села на Галилеја и Ју­деја, и од Ерусалим; а Тој имаше сила Господова да лекува. И, ете, некои донесоа на постела еден човек, што беше неподвижен, и са­каа да го внесат и положат пред Него; па, бидејќи не најдоа место од каде да го внесат поради народот, се качија на куќата и преку покривот го спуштија сосе постела, насреде, пред Исус. А Тој, штом ја виде верата нивна, рече: „Човеку, ти се простуваат гре­во­вите!“ Книжниците, пак, и фарисеите поч­наа да размислуваат и да велат: „Кој е Овој што хули на Бога? Кој може да ги простува гревовите, освен Единиот Бог?“ А Исус, кога ги разбра нивните по­мисли, им одговори и рече: „Што раз­мислувате во срцата свои? Што е полесно да се каже: ‚Ти се прос­туваат гревовите‘, или да кажам: ‚Стани и оди?‘ Но за да знаете дека Синот Чо­веч­ки има власт на земјата да ги простува гревовите.“ Му рече на неподвижниот: „Тебе ти велам: стани, земи си ја постелата и оди си дома!“ И тој веднаш стана пред нив и си го зеде она, на кое лежеше, па си отиде до­ма, славејќи Го Бога. Ужас ги обзеде сите и Го славеа Бо­га; па, исполнети со страв, говореа: „Чудни работи видовме денес!“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност