И слезе во Капернаум, во градот Галилејски, и ги поучуваше во саботните денови. И се чудеа на Неговата наука, зашто Неговото слово беше силно. Во синагогата се наоѓаше еден човек обземен од дух на нечист демон, и тој извика гласно: „Еј, што сакаш Ти, Исусе од Назарет? Си дошол ли да нѐ погубиш? Те знам кој си. Ти си Светец Божји.“ А Исус му заповеда, говорејќи: „Молкни и излези од него!“ Па откако го кутна насреде, духот зол излезе од него и ништо лошо не му направи. Сите ги обзеде страв, па си зборуваа меѓу себе: „Каков ли е тој збор! Зашто со власт и сила им заповеда на нечистите духови и тие излегуваат!“ Па се разнесе глас за Него по сите околни места.
Прочитај Лука 4
Слушај Лука 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: Лука 4:31-37
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа