Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 4:16-30

Лука 4:16-30 MK2006

И дојде во Назарет, каде што беше одраснал, и по обичајот Свој влезе еден саботен ден во синагогата, па стана да чита. Му ја подадоа книгата на пророкот Исаија; и Тој, штом ја отвори, го најде местото каде што беше напишано: „Духот Господов е врз Мене; зашто Господ Ме помаза. Ме прати да им соопштам радосна вест на бедните. Ме прати да им проповедам на заробените ослободување и на слепите прогледува­ње, да ги пуштам на слобода напатени­те; да ја проповедам благопријатната година Господова!“ Потоа ја затвори книгата, му ја даде на прислужникот, и седна; а очите на сите во синагогата беа вперени во Него. И почна да им говори: „Денес се ис­полни ова Писмо што го чувте.“ И сите Му потврдија и се восхитуваа на Неговите благодатни зборови што излегуваа од устата Негова и ве­леа: „Не е ли Овој синот на Јосиф?“ А Тој им рече: „Некој од вас сигур­но ќе Ми приговори со оваа изрека: ‚Лекаре, излекувај се Сам! Направи го и овде, во Твојот роден крај, она што чувме дека се случило во Капернаум.‘“ Па им рече: „Вистина ви велам: ни­еден пророк не е омилен во својата тат­ковина. Навистина ви кажувам: имаше мно­гу вдовици во Израел, во времето на Или­ја, кога се затвори небото три години и шест месеци и настана голем глад по целата земја; и кај ниедна од нив не беше пратен Илија, но само кај една жена вдовица во Сарепта Сидонска; и имаше мнозина лепрозни во Из­ра­ел во времето на пророкот Елисеј, но ниеден од нив не се очисти, освен Си­ри­ецот Нееман.“ А кога го слушнаа тоа, сите во си­на­гогата се исполнија со гнев; па станаа, Го истераа надвор од гра­дот и Го одведоа на врвот од еден рид, каде што беше соѕидан нивниот град, за да Го турнат одозгора. Но Тој помина меѓу нив и си отиде.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност