Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 4:14-21

Лука 4:14-21 MK2006

И се врати Исус во Галилеја во си­лата на Духот; и се разнесе глас за Него по целиот тој крај. А Тој поучуваше во нивните синагоги, и сите го славеа. И дојде во Назарет, каде што беше одраснал, и по обичајот Свој влезе еден саботен ден во синагогата, па стана да чита. Му ја подадоа книгата на пророкот Исаија; и Тој, штом ја отвори, го најде местото каде што беше напишано: „Духот Господов е врз Мене; зашто Господ Ме помаза. Ме прати да им соопштам радосна вест на бедните. Ме прати да им проповедам на заробените ослободување и на слепите прогледува­ње, да ги пуштам на слобода напатени­те; да ја проповедам благопријатната година Господова!“ Потоа ја затвори книгата, му ја даде на прислужникот, и седна; а очите на сите во синагогата беа вперени во Него. И почна да им говори: „Денес се ис­полни ова Писмо што го чувте.“