Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 3:1-6

Лука 3:1-6 MK2006

Во петнаесеттата година од вла­деењето на царот Тибериј, кога Понтиј Пилат беше управител во Јудеја, а Ирод четворовласник над Галилеја, и Филип, брат му, четворовласник на покраината Итуреја и Трахонитида, и Лисаниј чет­воровласник на Авилинија, во времето на првосвештениците Ана и Кајафа, дојде Божјата реч до Јо­ван, синот на Захарија, во пустината. И тој го обиколи целиот крај околу Јордан, проповедајќи покајно крш­та­ва­ње за проштевање на гревовите, така како што е напишано во Кни­га­та, според зборовите на пророкот Иса­и­ја, кој вели: „Гласот на оној што вика во пустината: ‚Пригответе го Господовиот пат и исправете ги патеките Негови; секоја долина нека се исполни и се­која планина и секој рид нека се снизат; кривините нека се исправат и нерамни­те патишта нека се израмнат, и секое тело ќе го види спасението Божјо!‘“