Тогаш им рече: „О, безумни! Срцето ви е споро за да поверувате во сѐ што рекле пророците! Не требаше ли така да пострада Христос и да влезе во Својата слава?“ Па, како почна од Мојсеј и од сите пророци, им зборуваше што е кажано за Него во целото Писмо. И тие се приближија до селото во кое одеа; а Тој се направи како да сака да продолжи. Но тие Го задржаа, велејќи: „Остани со нас, зашто денот одмина и наскоро ќе се стемни!“ Тој влезе и остана со нив. А кога седеше со нив на трпеза, зеде леб, го благослови, го прекрши и им подаде. Тогаш им се отворија очите и тие Го познаа; но Тој стана невидлив за нив. И си рекоа еден на друг: „Зар не гореа срцата наши, кога ни зборуваше по патот и кога ни го објаснуваше Писмото?“ Па во истиот час станаа, се вратија во Ерусалим и ги најдоа собрани Единаесетте и оние кои беа со нив, каде што говореа дека Господ навистина воскреснал и му се јавил на Симон. И тие кажаа за она што им се случи по патот и како Го познаа, кога го прекршувал лебот.
Прочитај Лука 24
Слушни за Лука 24
Сподели
Спореди ги сите верзии: Лука 24:25-35
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа