Во истиот ден двајца од нив одеа во едно село, по име Емаус, кое беше оддалечено од Ерусалим шеесет стадии. И зборуваа меѓу себе за сите овие настани. И додека расправаа и разговараа еден со друг, Самиот Исус се приближи и одеше со нив; но очите им се замрежија за да не Го познаат. А Тој им рече: „Какви се тие зборови што ги разменувате меѓу себе одејќи и зошто сте нажалени?“ Едниот од нив, по име Клеопа, Му одговори и рече: „Единствен туѓинец ли си ти во Ерусалим, та не си разбрал што се случи во него овие дни?“ И го праша: „Што?“ Тие Му одговорија: „Она што се случи со Исус од Назарет, Кој беше пророк, силен на дело и на слово, пред Бога и пред сиот народ; дека нашите првосвештеници и управници Го предадоа да биде осуден на смрт и Го распнаа; а ние се надевавме дека е Тој Оној што треба да го избави Израел; но и покрај сето тоа, денес е веќе трет ден, откако се случи ова. А и некои жени од нашите нѐ запрепастија; тие биле рано на гробот, и не го нашле телото Негово; и кога се вратија, рекоа дека им се јавиле ангели и дека им кажале дека е Тој жив. Отидоа на гробот и некои од нашите и го најдоа истото она, како што рекоа жените; но Него не Го виделе.“ Тогаш им рече: „О, безумни! Срцето ви е споро за да поверувате во сѐ што рекле пророците! Не требаше ли така да пострада Христос и да влезе во Својата слава?“ Па, како почна од Мојсеј и од сите пророци, им зборуваше што е кажано за Него во целото Писмо.
Прочитај Лука 24
Слушај Лука 24
Сподели
Спореди ги сите верзии: Лука 24:13-27
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа