Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 22:54-71

Лука 22:54-71 MK2006

И кога Го фатија, Го поведоа и од­ведоа во домот на првосвештеникот. А Петар оддалеку одеше по Него. Кога запалија оган во дворот и седнаа наоколу, седна и Петар меѓу нив. А една слугинка, штом го виде како седи покрај огнот, погледна на него и рече: „И овој беше со Него!“ Но тој се одрече од Него, велејќи: „Жено, не Го познавам!“ Малку потоа, кога го виде еден друг, рече: „И ти си од нив!“ Но Петар му рече: „Човеку, не сум!“ А кога мина време околу еден час, еден друг човек почна да тврди, зборувајќи: „Навистина, и овој беше со Него, зашто е Галилеец!“ Но Петар рече: „Човеку, не знам што зборуваш!“ И одеднаш, уште додека говореше, запеа петел. Тогаш Господ се заврти и го пог­ледна Петар, а Петар се сети на Гос­по­довите зборови што Му ги беше рекол: „Уште додека петел не пропее, трипати ќе се одречеш од Мене.“ И штом излезе надвор, заплака гор­ко. А луѓето, што го држеа Исус, Му се потсмеваа и Го тепаа. Па, откако Го покрија, Го удираа по образите, и го прашуваа, велејќи: „Про­речи кој Те удри?“ И многу други хули рекоа против Него. А кога се раздени, се собраа ста­ре­шините народни, првосвештениците и книжниците и Го воведоа во Си­не­дри­о­нот, и рекоа: „Ако си Ти Христос, кажи ни!“ Но Тој им одговори: „И ако ви ка­жам, навистина нема да поверувате. А ако ве запрашам, нема да Ми од­говорите. Отсега Синот Човечки ќе седи од­дес­но на силата Божја.“ И сите рекоа: „Ти ли си, значи, Си­нот Божји?“ А Тој им рече: „Вие велите дека сум Јас.“ А тие рекоа: „Какво сведоштво ни треба уште? Ние сами чувме од Не­го­ва­та уста.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност