Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 22:1-13

Лука 22:1-13 MK2006

Се приближуваше празникот Бесквасници, наречен Пасха; а првосвештениците и книжниците бараа начин како да Го погубат, зашто се плашеа од народот. И влезе сатаната во Јуда, наречен Искариот, кој беше вброен меѓу Два­на­есетте. И кога отиде, се договори со прво­свештениците и началниците, како да им Го предаде. Тие се зарадуваа и се спогодија со него да му дадат сребреници. Тој вети и бараше згоден час, да им Го предаде без знаење на народот. Дојде денот Бесквасници, кога тре­баше да се заколе пасхалното јагне; па ги испрати Исус Петар и Јован и им рече: „Одете и пригответе ни пас­ха, за да јадеме!“ А тие Му рекоа: „Каде сакаш да приготвиме?“ Тој им рече: „Ете, кога ќе влезете в град, ќе ве сретне човек со стомна вода; одете по него во куќата, каде што ќе влезе, и кажете му на домаќинот од ку­ќа­та: ‚Учителот ти вели: каде е собата, во која треба да јадам пасха со учениците Свои?‘ И тој ќе ви покаже голема одаја, послана; таму пригответе.“ Кога отидоа, најдоа како што им бе­ше рекол и ја приготвија пасхата.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност