Кога ги подигна очите, виде како богатите ги пуштаат своите прилози во касата на храмот. Виде исто така и една бедна вдовица, која пушти таму две лепти, па рече: „Вистина ви велам, оваа бедна вдовица од сите повеќе приложи; сите овие дадоа прилози на Бога од својот вишок; таа, пак, пушти од својата немаштија – сиот имот што го имаше.“ И додека некои зборуваа за храмот, дека е украсен со убави камења и заветни дарови, Тој им рече: „Ќе дојде време и од сето ова што го гледате нема да остане ни камен, што не ќе биде урнат.“ И Го прашаа, говорејќи: „Учителе, а кога ќе биде тоа и каков е знакот дека тоа почнува да се случува?“ Тој рече: „Внимавајте да не ве прелажат! Зашто мнозина ќе дојдат под Мое име и ќе зборуваат дека сум Јас, и дека времето се приближи. Но, не одете по нив! А кога ќе чуете за војни и бунтови, не плашете се; сето тоа треба најнапред да се случи, но крајот нема да дојде веднаш.“
Прочитај Лука 21
Слушни за Лука 21
Сподели
Спореди ги сите верзии: Лука 21:1-9
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа