И почна да му ја раскажува на народот оваа парабола: „Еден човек насади лозје и го предаде на лозари, па си замина на подолго време. А подоцна испрати кај лозарите еден слуга за да му дадат од плодовите на лозјето; но лозарите го натепаа и го пуштија празен. И прати повторно друг слуга: но тие и него го натепаа и го понизија, па го испратија празен. Испрати и трет, а тие и него го ранија и го избркаа. Тогаш господарот на лозјето рече: ‚Што да направам? Ќе го испратам својот сакан син, можеби кога ќе го видат, ќе се засрамат.‘ Но лозарите, штом го видоа, си размислуваа меѓу себе, велејќи: ‚Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и наследството ќе биде наше!‘ И кога го изведоа надвор од лозјето, го убија. Што ќе им направи, пак, господарот на лозјето? Ќе дојде и ќе ги погуби овие лозари, а лозјето ќе го предаде на други.“ А оние што слушаа, рекоа: „Да не даде Бог!“ Но Тој, кога ги погледна, им рече: „Што значи тогаш напишаното: ‚Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана камен темелник‘. Секој што ќе падне врз тој камен, ќе се разбие; а врз кого тој ќе падне, ќе го здроби.“ И во тој час првосвештениците и книжниците сакаа да стават рака на Него, но се плашеа од народот; зашто сфатија дека за нив ја кажа оваа парабола.
Прочитај Лука 20
Слушни за Лука 20
Сподели
Спореди ги сите верзии: Лука 20:9-19
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа