А Тој им рече: „Како, пак, велат дека Христос е син Давидов? Та и самиот Давид вели во Книгата на псалмите: ‚Му рече Господ на Мојот Господ: седи од Мојата десна страна, додека не ги положам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои!‘ Значи Давид Го нарекува Господ. Па како тогаш може да му биде син?“ И додека сиот народ слушаше, Тој им рече на учениците Свои: „Чувајте се од книжниците што милуваат да одат променети и сакаат поздрави по пазариштата, предни места во синагогите и да се први на гозбите; што ги подјадуваат домовите на вдовиците и лицемерно долго се молат. Тие ќе добијат потешка пресуда.“
Прочитај Лука 20
Слушни за Лука 20
Сподели
Спореди ги сите верзии: Лука 20:41-47
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа