Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 20:1-19

Лука 20:1-19 MK2006

Еден ден, додека Тој го по­учу­ваше народот во храмот и го про­по­ведаше Евангелието, пристапија првосвештениците и книжниците со старешините и Му рекоа, велејќи: „Кажи ни, со каква власт го вршиш тоа, или кој е тој што Ти ја дал таа власт?“ А Тој им одговори и рече: „Ќе ве прашам и јас еден збор, и кажете ми: Дали крштавањето Јованово беше од небото, или од луѓето?“ А тие почнаа да размислуваат и да си зборуваат меѓу себе: „Ако кажеме – од небото, ќе рече – Зошто не му по­ве­рувавте? Ако, пак, речеме – од луѓето, тогаш сиот народ ќе нѐ затрупа со камења, би­дејќи е уверен дека Јован беше пророк.“ Затоа одговорија: „Не знаеме од ка­де е.“ Исус им рече: „Ни Јас нема да ви ка­жам со каква власт го вршам тоа.“ И почна да му ја раскажува на народот оваа парабола: „Еден човек насади лозје и го предаде на лозари, па си зами­на на подолго време. А подоцна испрати кај лозарите еден слуга за да му дадат од плодовите на лозјето; но лозарите го натепаа и го пуштија празен. И прати повторно друг слуга: но тие и него го натепаа и го понизија, па го ис­пратија празен. Испрати и трет, а тие и него го ра­нија и го избркаа. Тогаш господарот на лозјето рече: ‚Што да направам? Ќе го испратам свој­от сакан син, можеби кога ќе го видат, ќе се засрамат.‘ Но лозарите, штом го видоа, си раз­мислуваа меѓу себе, велејќи: ‚Овој е на­следникот! Ајде да го убиеме и наследството ќе биде наше!‘ И кога го изведоа надвор од лозјето, го убија. Што ќе им направи, пак, господарот на лозјето? Ќе дојде и ќе ги погуби овие лозари, а лозјето ќе го предаде на други.“ А оние што слушаа, рекоа: „Да не даде Бог!“ Но Тој, кога ги погледна, им рече: „Што значи тогаш напишаното: ‚Каме­нот што го отфрлија ѕидарите, стана ка­мен темелник‘. Секој што ќе падне врз тој камен, ќе се разбие; а врз кого тој ќе падне, ќе го здроби.“ И во тој час првосвештениците и книжниците сакаа да стават рака на Него, но се плашеа од народот; зашто сфатија дека за нив ја кажа оваа пара­бола.