Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 19:28-44

Лука 19:28-44 MK2006

Кога го рече тоа, Тој тргна понатаму, искачувајќи се кон Ерусалим. И кога се приближи до Витфагија и Витанија, до таканаречената Масли­но­ва Гора, испрати два ученика, велејќи: „Одете во селоно отспротива. Штом ќе влезете во него, ќе најдете едно врзано магаре, кое ниеден човек не го јавал. Одврзете го и доведете го! И ако ве праша некој: ‚Зошто го од­врзувате?‘ Кажете му вака: ‚Тоа Му е потребно на Господ.‘“ Кога отидоа испратените, најдоа како што им беше рекол. И кога го одврзуваа магарето, сто­паните им рекоа: „Зошто го одврзувате магарето?“ Тие одговорија: „Потребно Му е на Господ.“ И го доведоа кај Исус, па штом ги нафрлија облеките свои на магарето, Му помогнаа на Исус да се качи. И додека минуваше Тој, ги постилаа своите наметки по патот. А кога наближи до местото од каде што се слегува од Маслиновата Гора, сето мноштво ученици почна радосно да Го прославува Бога со висок глас, за сите чуда што ги видоа, велејќи: „Благословен е Царот Кој доаѓа во името Господово! Мир на не­бо­то и слава во висините!“ А некои фарисеи од народот Му ре­коа: „Учителе, забрани им на учениците Твои!“ Но Тој им одговори и рече: „Ви ве­лам, ако тие замолкнат, камењата ќе повикаат.“ А кога се приближи и го виде гра­дот, заплака над него и рече: „Кога би можел во овој ден и ти да го дознаеш она што е потребно за твојот мир! Но тоа е сега сокриено од твоите очи. Зашто ќе дојдат денови за тебе и не­пријателите твои ќе те опкружат со ро­вови и ќе те опколат, и ќе те притеснат од сите страни; и ќе те срамнат со земјата тебе и ќе ги избијат децата твои во тебе и нема да остават камен на камен од тебе, зашто не си го позна времето кога беше посе­тен.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност