Кога го рече тоа, Тој тргна понатаму, искачувајќи се кон Ерусалим. И кога се приближи до Витфагија и Витанија, до таканаречената Маслинова Гора, испрати два ученика, велејќи: „Одете во селоно отспротива. Штом ќе влезете во него, ќе најдете едно врзано магаре, кое ниеден човек не го јавал. Одврзете го и доведете го! И ако ве праша некој: ‚Зошто го одврзувате?‘ Кажете му вака: ‚Тоа Му е потребно на Господ.‘“ Кога отидоа испратените, најдоа како што им беше рекол. И кога го одврзуваа магарето, стопаните им рекоа: „Зошто го одврзувате магарето?“ Тие одговорија: „Потребно Му е на Господ.“ И го доведоа кај Исус, па штом ги нафрлија облеките свои на магарето, Му помогнаа на Исус да се качи. И додека минуваше Тој, ги постилаа своите наметки по патот. А кога наближи до местото од каде што се слегува од Маслиновата Гора, сето мноштво ученици почна радосно да Го прославува Бога со висок глас, за сите чуда што ги видоа, велејќи: „Благословен е Царот Кој доаѓа во името Господово! Мир на небото и слава во висините!“ А некои фарисеи од народот Му рекоа: „Учителе, забрани им на учениците Твои!“ Но Тој им одговори и рече: „Ви велам, ако тие замолкнат, камењата ќе повикаат.“ А кога се приближи и го виде градот, заплака над него
Прочитај Лука 19
Слушни за Лука 19
Сподели
Спореди ги сите верзии: Лука 19:28-41
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа