Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 19:1-27

Лука 19:1-27 MK2006

Потоа влезе Исус во Ерихон и минуваше низ него. И ете, еден човек по име Закхеј, кој беше началник на цариниците, и беше богат, настојуваше да види Кој е Тој Исус, но не можеше од народот, зашто беше низок по раст. Затоа потрча напред и се качи на ед­на смоква за да Го види, бидејќи покрај неа требаше да помине. Исус, пак, кога дојде на тоа место, погледна нагоре, го виде и му рече: „Закхеј, слези побргу, зашто денес тре­ба да бидам во твојот дом.“ И тој веднаш слезе и Го прими со радост. И сите, кога го видоа тоа, негодуваа и рекоа: „Отиде во куќа на грешен чо­век.“ А Закхеј застана и Му рече на Гос­под: „Господи, еве половината од својот имот ќе ја дадам на сиромаси; и ако сум зел од некого нешто, четворно ќе го вратам.“ А Исус му рече: „Денес дојде спасението за овој дом, зашто и тој е син Ав­раамов. Зашто Синот Човечки дојде да го побара и да го спаси она што е за­гу­бе­но.“ А на оние што го слушаа ова, им кажа и една парабола, бидејќи беше близу до Ерусалим и тие мислеа дека набргу ќе се појави царството Божјо, па рече: „Еден благородник заминуваше во далечна земја да прими царска власт за себе и потоа да се врати. Тогаш ги повика своите десет слу­ги, им даде десет мини и им рече: ‚Тргу­вајте со нив, додека да се вратам!‘ Но граѓаните го мразеа и испратија по него пратеници, велејќи: ‚Нејќеме тој да царува над нас.‘ А кога се врати, по примањето на царската власт, нареди да ги повикаат оние слуги, на кои им ги беше дал па­ри­те, за да види, кој колку спечалил. Дојде првиот и му рече: ‚Господаре, твојата мина заработи десет мини.‘ И му рече: ‚Добро, верен слуго; во мала работа беше верен, еве ти власт над десет градови.‘ Дојде вториот и рече: ‚Господаре, твојата мина заработи пет мини.‘ А тој и нему му рече: ‚И ти биди – над пет градови.‘ И друг дојде, велејќи: ‚Господаре, еве ти ја твојата мина, што ја чував в кр­па, зашто се плашев од тебе, бидејќи си строг човек: земаш од каде што не си оставил и жнееш, каде што не си сеел.‘ А господарот му рече: ‚Со твојата уста ќе ти судам, лукав слуго; ти знаеш дека сум жесток човек: земам од каде што не сум оставил и жнеам, каде што не сум сеел; тогаш, зошто не ги даде моите пари кај трговците, та кога ќе се вратам, да си го соберам сосе добивка?‘ Па им рече на присутните: ‚Земете ја од него мината и дајте му ја на оној, што има десет мини!‘ И му рекоа: ‚Господаре, тој има де­сет мини!‘ Ви велам дека секому што има ќе му се придаде; а од оној што не­ма, ќе му се одземе и она што го има. А оние мои непријатели, што не са­каат да царувам над нив, доведете ги ту­ка и погубете ги пред мене!“