Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 19:1-10

Лука 19:1-10 MK2006

Потоа влезе Исус во Ерихон и минуваше низ него. И ете, еден човек по име Закхеј, кој беше началник на цариниците, и беше богат, настојуваше да види Кој е Тој Исус, но не можеше од народот, зашто беше низок по раст. Затоа потрча напред и се качи на ед­на смоква за да Го види, бидејќи покрај неа требаше да помине. Исус, пак, кога дојде на тоа место, погледна нагоре, го виде и му рече: „Закхеј, слези побргу, зашто денес тре­ба да бидам во твојот дом.“ И тој веднаш слезе и Го прими со радост. И сите, кога го видоа тоа, негодуваа и рекоа: „Отиде во куќа на грешен чо­век.“ А Закхеј застана и Му рече на Гос­под: „Господи, еве половината од својот имот ќе ја дадам на сиромаси; и ако сум зел од некого нешто, четворно ќе го вратам.“ А Исус му рече: „Денес дојде спасението за овој дом, зашто и тој е син Ав­раамов. Зашто Синот Човечки дојде да го побара и да го спаси она што е за­гу­бе­но.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност