Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 18:18-43

Лука 18:18-43 MK2006

И Го праша еден управник, велејќи: „Учителе добар, што да направам за да наследам живот вечен?“ А Исус му рече: „Зошто Ме на­ре­куваш добар? Никој не е добар, освен Единиот Бог. Ги знаеш заповедите: не прави прељуба, не убивај, не кради, не сведочи лажно, почитувај ги татко си и мајка си.“ А тој рече: „Сето тоа сум го за­па­зил уште од младоста своја.“ Штом го слушна тоа, Исус, му рече: „Уште едно само ти недостасува: продај сѐ што имаш и раздај го на сиромаси, и ќе имаш ризница на небото; потоа дојди и врви по Мене!“ А тој, кога го слушна тоа, многу се нажали, зашто беше многу богат. Штом виде дека тој се растажи, Исус рече: „Колку е тешко во царството Божјо да влезат оние што имаат бо­гатство! Полесно ѝ е на камила да мине низ иглени уши, отколку богат да влезе во царството Божјо.“ Оние што го чуја тоа, рекоа: „Тогаш кој може да се спаси?“ А Тој одговори: „Неможното за лу­ѓето е можно за Бога.“ Петар, пак, рече: „Ете, ние оставив­ме сѐ и тргнавме по Тебе.“ Тој им рече: „Вистина ви велам де­ка секој што оставил куќа или ро­ди­те­ли, или браќа, или сестри, или жена, или деца, заради царството Божјо, добил многу повеќе од тоа уште се­га, во ова време, а во идниот век – и живот вечен.“ И кога ги зеде со Себе Дванаесетте, им рече: „Еве, одиме кон Ерусалим и сѐ ќе се исполни, што напишале проро­ци­те за Синот Човечки: дека ќе го предадат на незнабошци и ќе се потсмеваат со Него, ќе Го из­ма­чуваат и ќе Го плукаат, ќе Го камшикуваат и ќе Го убијат, и на третиот ден ќе воскресне.“ Но тие ништо од ова не разбраа; овие зборови за нив беа сокриени и тие не сфатија што им кажа. А додека се приближуваше Тој до Ерихон, еден слеп човек седеше крај патот и питаше; и штом чу дека покрај него минува народ, праша: „Што е тоа?“ Му кажаа дека минува Исус од На­зарет. Тогаш тој извика и рече: „Исусе, Сине Давидов, смилувај ми се!“ Оние што одеа напред, го опоменаа да молчи; но тој уште погласно викаше: „Сине Давидов, смилувај ми се!“ Исус застана и заповеда да Му го доведат. И кога оној се приближи до Него, го праша, велејќи: „Што сакаш да ти на­пра­вам?“ Тој рече: „Господи, да про­гле­дам!“ Тогаш Исус му рече: „Прогледај! Верата твоја те спаси.“ И одеднаш прогледа и тргна по Не­го, славејќи Го Бога. И сиот народ, кога го виде тоа, Му воздаде слава на Бога.