Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 16:1-13

Лука 16:1-13 MK2006

А на учениците Свои им рече: „Си беше еден богат човек кој имаше настојник; и тој беше на­кле­ве­тен пред него дека го растура неговиот имот. И тој го повика, и му рече: ‚Што е ова што слушам за тебе? Дај сметка за раководењето, зашто веќе не ќе можеш да бидеш настојник.‘ А настојникот си рече во себе: ‚Што да правам? Господарот мој го одзема од мене раководењето на куќата; да копам, не можам, да просам – се срамам. Знам што да направам, за да ме примат луѓето во своите домови, откако ќе бидам отпуштен од раководењето на ку­ќата.‘ И кога ги повика должниците на својот господар, секого поодделно, му рече на првиот: ‚Колку му должиш на мојот господар?‘ Тој одговори: ‚Сто мери масло.‘ И му рече: ‚Земи си ја потврдата, седни бргу и напиши педесет!‘ Потоа му рече на другиот: ‚А ти, колку должиш?‘ Тој одговори: ‚Сто ме­ри пченица.‘ И му рече: ‚Земи си ја пот­врдата и напиши осумдесет!‘ И го пофали господарот неспра­вед­ливиот настојник, зашто постапил до­сетливо; зашто синовите на овој свет кон својот род се подосетливи од сино­вите на светлината. И јас ви велам: создадете си прија­те­ли преку неправедно богатство, па, кога тоа ќе исчезне, да ве примат во вечните живеалишта. Верниот во малку и во многу е ве­рен, а несправедливиот и во многу и во малку е несправедлив. Па така, ако во неправедното богатство не бевте верни, кој ќе ви го довери вистинското? И ако во туѓото не бевте верни, кој ќе ви го даде вашето? Ниеден слуга не може да им служи на двајца господари; зашто, или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака, или на едниот ќе му угоди, а другиот ќе го презре. Не можете да служите на Бо­га и на Мамон.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност