Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 15:11-20

Лука 15:11-20 MK2006

И рече: „Еден човек имаше два си­на. Помладиот од нив му рече на татка си: ‚Татко, дај ми го делот што ми при­паѓа од имотот!‘ И таткото им го раз­де­ли имотот. По неколку дена, помладиот син, кога собра сѐ, отиде во далечна земја и таму го потроши својот дел, живеејќи блудно. И откако потроши сѐ, настана го­лем глад во таа земја и тој се најде во мака; па отиде кај еден човек во таа земја и се погоди, и тој го прати во своите полја да пасе свињи. И страден беше да го наполни својот стомак макар и со рокчиња што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше. А кога дојде на себеси, рече: ‚Кол­ку наемници кај татко ми имаат леб во изобилие, а јас, пак, тука умирам од глад. Ќе станам и ќе отидам кај татко ми и ќе му речам: „Татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум веќе достоен да се наречам твој син; но прими ме како еден од сво­ите наемници.“‘ Па стана и отиде кај татка си. И ко­га беше уште далеку, го виде неговиот татко и се сожали на него, па потрча, го прегрна и го целива.