И по патот за Ерусалим минеше низ градови и села и поучуваше. Некој, пак, Му рече: „Господи, малку ли се оние што ќе бидат спасени?“ А Тој рече: „Потрудете се да влезете низ тесната врата; зашто ви велам: мнозина ќе сакат да влезат и не ќе можат. Кога ќе стане домаќинот и ќе ја затвори вратата на куќата, а вие, стоејќи однадвор, ќе почнете да чукате и да викате: ‚Господи, Господи, отвори ни!‘ Тој ќе ви одговори и ќе ви рече: ‚Не ве знам од каде сте!‘ Тогаш ќе почнете да зборувате: ‚Ние јадевме пред Тебе и пиевме; и по нашите улици Ти поучуваше.‘ А Тој ќе рече: ‚Ви велам: не ве познавам од каде сте; отстапете од Мене сите што вршите неправда!‘ Таму ќе настане плач и шкрипење со заби, кога ќе го видите Авраам, Исак и Јаков и сите пророци во царството Божјо, а себе – истерани надвор. И ќе дојдат од исток и запад, и север и југ, и ќе седнат на трпезата во царството Божјо. И така, има последни што ќе бидат први, а има и први што ќе бидат последни.“
Прочитај Лука 13
Слушни за Лука 13
Сподели
Спореди ги сите верзии: Лука 13:22-30
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа