Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 12:42-48

Лука 12:42-48 MK2006

Тогаш Господ рече: „Кој е тој верен и разборит управител, кого го поставил неговиот господар над своите слуги, за да им ја дава потребната храна на­вре­ме? Блазе на тој слуга, чиј господар, ко­га ќе дојде, ќе го затекне така да пос­та­пува! Вистина ви велам дека тој ќе го пос­тави него над целиот свој имот. Ако, пак, тој слуга си рече во срцето свое: ‚Нема скоро да дојде мојот гос­подар!‘, па почне да ги тепа слугите и слугинките, да јаде и пие и да се опива, господарот на тој слуга ќе дојде во ден во кој не очекува, и во час што не го знае, па ќе го оддели и ќе го постави ме­ѓу неверните. А оној слуга кој ја знае волјата на својот господар и не се приготвил и не постапил според волјата негова, ќе биде многу биен. Кој, пак, не знаел и направил нешто што заслужува тепање, ќе биде малку тепан. Кому му е многу дадено, многу и ќе се бара од него; и кому му е доверено повеќе, повеќе ќе се бара од него.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност