Ако, пак, тревата во полето, која денес ја има, а утре се фрла во оган, Бог така ја облекува, тогаш колку повеќе ќе ве облекува вас, маловерни! Па затоа и вие, не барајте што ќе јадете или што ќе пиете; и не се загрижувајте! Сето тоа го бараат незнабошците на овој свет; а вашиот Отец знае дека тоа ви е потребно. Но барајте го царството Божјо, и сето тоа ќе ви биде придодадено! Не плаши се, мало стадо! Зашто волјата на вашиот Отец е вам да ви го даде царството. Продајте си ги имотите ваши и давајте милостина! Подгответе си ќесиња што нема да изветват, ризница на небото, каде крадец не се приближува и кое молец не го јаде; зашто, каде што е вашата ризница, таму ќе биде и срцето ваше.
Прочитај Лука 12
Слушни за Лука 12
Сподели
Спореди ги сите верзии: Лука 12:28-34
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа