Мисли ли некој од вас дека, ако се грижи, може да му додаде еден лакт на својот раст? И така, кога ни најмалото нешто не можете да го направите, зошто се грижите за друго? Погледајте ги лилјаните како растат! Ниту се трудат, ниту предат; но ви велам дека ни Соломон, во сета своја слава, не се облече така, како еден од нив. Ако, пак, тревата во полето, која денес ја има, а утре се фрла во оган, Бог така ја облекува, тогаш колку повеќе ќе ве облекува вас, маловерни! Па затоа и вие, не барајте што ќе јадете или што ќе пиете; и не се загрижувајте! Сето тоа го бараат незнабошците на овој свет; а вашиот Отец знае дека тоа ви е потребно. Но барајте го царството Божјо, и сето тоа ќе ви биде придодадено!
Прочитај Лука 12
Слушни за Лука 12
Сподели
Спореди ги сите верзии: Лука 12:25-31
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа