Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 12:22-28

Лука 12:22-28 MK2006

И им рече на учениците Свои: „За­тоа ви велам: не грижете се за душата своја што ќе јадете, ниту за телото свое што ќе облечете. Зашто душата е многу поскапа од храната, и телото – од облеката. Погледајте ги гавраните! Тие ниту сеат, ниту жнеат! И немаат скривници, ниту житници и Бог ги храни; а колку сте поскапи вие од птиците? Мисли ли некој од вас дека, ако се грижи, може да му додаде еден лакт на својот раст? И така, кога ни најмалото нешто не можете да го направите, зошто се гри­жите за друго? Погледајте ги лилјаните како растат! Ниту се трудат, ниту предат; но ви велам дека ни Соломон, во сета своја слава, не се облече така, како еден од нив. Ако, пак, тревата во полето, која денес ја има, а утре се фрла во оган, Бог така ја облекува, тогаш колку повеќе ќе ве облекува вас, маловерни!