Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 1:8-20

Лука 1:8-20 MK2006

Еднаш, додека тој по редот на својот свештенички чин служеше пред Бога, според обичајот на свештениците, нему му се падна ждрепката да влезе во храмот Господов и да покади. За време на кадењето целиот народ се молеше надвор. Тогаш му се јави ангел Господов, стоејќи од десната страна на кадилниот жртвеник. Захарија се вознемири кога го виде и страв го обзеде. Но ангелот му рече: „Не плаши се, Захарија, зашто твојата молба е ус­ли­шена и жена ти Елисавета ќе ти роди син и ќе му ставиш име Јован. И ќе бидеш радосен и весел; мнозина ќе се зарадуваат заради неговото ра­ѓање. Зашто тој ќе биде голем пред Гос­под и нема да пие вино ни жесток пи­ја­лак, а ќе се исполни со Дух Свети уште во утробата на мајка си; и многу Израелови синови ќе ги врати кон нивниот Господ Бог; и тој ќе оди пред Него во духот и силата на Илија, за да ги сврти срцата на татковците кон децата, и непокорни­те кон разумот на праведните, па да Му подготви на Господ народ подготвен.“ И му рече Захарија на ангелот: „По што ќе го разберам тоа? Јас сум стар, а жена ми е веќе во поодминати години.“ Ангелот му одговори и рече: „Јас сум Гаврил кој стои пред Бога; пратен сум да зборувам со тебе и да те известам за оваа радосна вест; и ете, ти ќе онемиш и не ќе можеш да говориш до оној ден кога ќе се случи тоа, затоа што не им поверува на моите зборови, што ќе се исполнат во свое време.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност