Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 1:67-79

Лука 1:67-79 MK2006

А Захарија, татко му, се исполни со Дух Свети и пророкуваше, говорејќи: „Благословен да е Господ, Бог Из­раелов, зашто го посети и го избави на­родот Свој; и подигна за нас моќно спасение, во домот на Давид, Својот слуга; како што говореше одамна преку устата на Своите свети пророци, дека ќе нѐ избави од непријателите наши и од рацете на сите што нѐ мра­зат; за да ја пројави Својата милост над татковците наши и да се сети на светиот завет Свој, на заклетвата, со која му се заколна на Авраам, нашиот татко; дека ќе ни даде, штом нѐ избави од непријателите наши, без страв да Му служиме, во светост и правда пред Него, преку целиот наш живот. А ти, дете, ќе се на­ре­чеш пророк на Севишниот, зашто ќе одиш пред Го­спо­довото лице за да Му ги приготвиш патиштата Негови; и да му дадеш на народот Негов сознание за спасение, преку прош­те­ва­ње на гревовите нивни, заради големото милосрдие на на­шиот Бог, со која нѐ посети Исток од висините, за да им блесне на оние што седат во темнина и во сенка смртна, и да ги упати нозете наши по патот на мирот.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност