Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 1:5-17

Лука 1:5-17 MK2006

Во деновите на Ирод, царот јудејски, живееше еден свештеник по име За­ха­рија, од редот Авијанов; а жена му беше од ќерките Аронови и се викаше Ели­са­вета. И обајцата беа праведни пред Бога, постапувајќи според сите заповеди и по­велби Господови беспрекорно. Тие немаа деца, зашто Елисавета бе­ше неротка; а обајцата беа веќе на поод­ми­нати години. Еднаш, додека тој по редот на својот свештенички чин служеше пред Бога, според обичајот на свештениците, нему му се падна ждрепката да влезе во храмот Господов и да покади. За време на кадењето целиот народ се молеше надвор. Тогаш му се јави ангел Господов, стоејќи од десната страна на кадилниот жртвеник. Захарија се вознемири кога го виде и страв го обзеде. Но ангелот му рече: „Не плаши се, Захарија, зашто твојата молба е ус­ли­шена и жена ти Елисавета ќе ти роди син и ќе му ставиш име Јован. И ќе бидеш радосен и весел; мнозина ќе се зарадуваат заради неговото ра­ѓање. Зашто тој ќе биде голем пред Гос­под и нема да пие вино ни жесток пи­ја­лак, а ќе се исполни со Дух Свети уште во утробата на мајка си; и многу Израелови синови ќе ги врати кон нивниот Господ Бог; и тој ќе оди пред Него во духот и силата на Илија, за да ги сврти срцата на татковците кон децата, и непокорни­те кон разумот на праведните, па да Му подготви на Господ народ подготвен.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност