Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 1:1-41

Лука 1:1-41 MK2006

Бидејќи мнозина се обидоа да пишуваат за настаните што се случија меѓу нас, како што ни ги предадоа оние, кои уште од почетокот беа очевидци и слу­жители на Словото, намислив и јас, откако испитав сѐ од почетокот, да ти опишам точно по ред, честити Теофиле, за да ја препознаеш веродостојноста на учењето, на кое си се учел. Во деновите на Ирод, царот јудејски, живееше еден свештеник по име За­ха­рија, од редот Авијанов; а жена му беше од ќерките Аронови и се викаше Ели­са­вета. И обајцата беа праведни пред Бога, постапувајќи според сите заповеди и по­велби Господови беспрекорно. Тие немаа деца, зашто Елисавета бе­ше неротка; а обајцата беа веќе на поод­ми­нати години. Еднаш, додека тој по редот на својот свештенички чин служеше пред Бога, според обичајот на свештениците, нему му се падна ждрепката да влезе во храмот Господов и да покади. За време на кадењето целиот народ се молеше надвор. Тогаш му се јави ангел Господов, стоејќи од десната страна на кадилниот жртвеник. Захарија се вознемири кога го виде и страв го обзеде. Но ангелот му рече: „Не плаши се, Захарија, зашто твојата молба е ус­ли­шена и жена ти Елисавета ќе ти роди син и ќе му ставиш име Јован. И ќе бидеш радосен и весел; мнозина ќе се зарадуваат заради неговото ра­ѓање. Зашто тој ќе биде голем пред Гос­под и нема да пие вино ни жесток пи­ја­лак, а ќе се исполни со Дух Свети уште во утробата на мајка си; и многу Израелови синови ќе ги врати кон нивниот Господ Бог; и тој ќе оди пред Него во духот и силата на Илија, за да ги сврти срцата на татковците кон децата, и непокорни­те кон разумот на праведните, па да Му подготви на Господ народ подготвен.“ И му рече Захарија на ангелот: „По што ќе го разберам тоа? Јас сум стар, а жена ми е веќе во поодминати години.“ Ангелот му одговори и рече: „Јас сум Гаврил кој стои пред Бога; пратен сум да зборувам со тебе и да те известам за оваа радосна вест; и ете, ти ќе онемиш и не ќе можеш да говориш до оној ден кога ќе се случи тоа, затоа што не им поверува на моите зборови, што ќе се исполнат во свое време.“ Народот го чекаше Захарија и се чудеше зошто се забави во храмот. А кога излезе, не можеше да зборува со нив; и така разбраа дека имал ви­дение во храмот. Тој им објаснуваше со знаци, но остануваше нем. И штом изминаа деновите на него­ва­та служба, тој се врати дома. По тоа време зачна неговата жена Елисавета и таеше пет месеци, велејќи: „Така ми направи Господ во дено­ви­те кога погледна на мене за да го симне срамот од мене меѓу луѓето.“ А во шестиот месец беше испратен од Бога ангелот Гаврил во галилејскиот град, по име Назарет, кај една девојка. Таа беше свршена за маж по име Јосиф, од домот Давидов; а името на девојката ѝ беше Марија. И кога влезе ангелот кај неа, рече: „Радувај се, благодатна! Господ е со те­бе!“ А таа, штом го виде, се вознемири од зборовите негови и размислуваше што значи тој поздрав. И ѝ рече ангелот: „Не плаши се, Марија, зашто си нашла милост пред Бога; и ете, ти ќе зачнеш во утробата и ќе родиш Син, и ќе Го наречеш со името Исус. Тој ќе биде голем и ќе се нарече Син на Севишниот; и ќе Му го даде Господ Бог престолот на Неговиот тат­ко Давид; и ќе царува над домот Јаковов за­се­когаш, и царувањето Негово нема да има крај.“ А Марија му рече на ангелот: „Ка­ко ќе биде тоа кога јас не знам за маж?“ Ангелот ѝ одговори и рече: „Свети­от Дух ќе слезе на тебе и силата на Севишниот ќе те осени; па затоа и роденото ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји. Ете и Елисавета, твојата роднина, за која велат дека е неротка, и таа зачна син во староста своја; нејзе ѝ е веќе шести месец; зашто кај Бога ниеден збор не оста­нува невозможен.“ Марија, пак, рече: „Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според збо­ровите твои!“ И ангелот си отиде од неа. А Марија стана во тие дни и поита во ридскиот крај, во градот Јудин; па влезе во домот на Захарија и ја поздрави Елисавета. Штом го слушна Елисавета поздра­вот на Марија, заигра детето во утробата нејзина; и Елисавета се исполни со Дух Свети

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност