Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Левитска 2

2
Лебен принос
1 # 6,7-11; 2 Мојс 29,2; 4 Мојс 15,1-16; 28,5; Ис 42,23; Неем 13,9 „Ако некој сака да Му принесе на Господ лебна жртва, нека принесе пченично брашно, и нека го прелие со масло, па на него нека стави темјан; 2#4 Мојс 5,26нека ја донесе кај синовите Аронови, свештениците, а свештеникот да земе полна рака од брашното сосе масло и со сиот темјан, па нека ја изгори свеште­никот на жртвеникот за спомен; тоа е жртва со пријатен мирис на Господ, 3а она што ќе остане од лебната жр­т­ва, нека биде за Арон и за неговите синови: тоа е најголема светиња меѓу жртвите на Господ. 4#2 Мојс 29,2Ако, пак, се принесува како жртва лебен принос печен во печка, тоа нека бидат бесквасни лебови, замесени со масло, и бесквасни питки, намачкани со масло. 5#Ез 4,3Ако ти е жртвата дар печен во тава, нека биде од пченично брашно, замесено со масло, без квас; 6раскрши ја на парчиња и полеј ја со масло: тоа е лебен принос. 7Ако ти е лебниот принос жртва пе­че­на во подница, таа треба да биде на­правена од пченично брашно со масло. 8И принеси ја жртвата, што си ја приготвил од тоа, на Господ: претстави ја пред свештеникот, а тој нека ја поло­жи на жртвеникот; 9#1 Мојс 8,21и свештеникот нека земе дел од таа жртва за спомен и нека ја изгори на жртвеникот: тоа е жртва со благопријатен мирис пред Господ; 10#Езд 2,63остатокот, пак, од лебниот принос нека биде за Арон и синовите негови; тоа е најголема светиња меѓу жртвите на Господ. 11#6,9-10; 2 Мојс 23,18Ниеден лебен принос, што Му го принесувате на Господ, не правете го со квас, зашто ни квас ниту мед не треба да се принесува како жртва на Господ. 12#2 Мојс 34,22Принесувајте Му ги нив на Господ како првини од плодовите; но на жртвеникот да не се полагаат како пријатен мирис пред Господ. 13#4 Мојс 18,19; Ез 43,24; Мк 9,49-50Секој лебен принос со сол засоли го, и не оставај ја својата жртва на заветот на твојот Бог без сол: при секоја твоја жртва принеси сол. 14#5 Мојс 26,1-10; 2 Цар 4,42Ако Му принесуваш на Господ лебен принос од првите житни плодови, принесувај го како дар од своите први плодови во зрна од исчукани пресни класја, исушени на оган, 15полеј ги со масло и стави врз нив темјан: тоа е лебен принос, 16#4 Мојс 4,16а свештеникот да изгори дел од зрната и маслото со сиот темјан за спо­мен: тоа е жртва на Господ.“

Селектирано:

Левитска 2: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност