Спомни си, Господи, што нѐ снајде; милостиво погледај и види го срамот наш! Наследството наше мина на туѓинци, куќите наши – на луѓе од други племиња; останавме сираци, без татко; мајките наши се како вдовици. Водата своја ја плаќаме за сребро, дрвата наши ги купуваме со пари. На вратот имаме јарем, и нѐ гонат; исцрпени сме и не ни даваат да здивнеме. Протегаме рака кон Египќаните и кон Асирците, за да се нахраниме со леб. Татковците наши грешеа: нив ги нема веќе, а ние трпиме казна за нивното беззаконие. Робовите ни се господари, а нема кој да нѐ избави од рацете нивни. Храната си ја набавуваме со страв – пред мечот во пустината. Од лут глад, кожата ни поцрнела како печка. Жените ни ги бесчестат на Сион, девојките – во градовите јудејски. Кнезовите ги изобесија со свои раце, лицата на старците не ги почитуваа. Момците носеа воденички камења, а децата паѓаа под товари дрва. Старците веќе не седат пред портите; момците не пеат. Се сврши радоста на срцето наше; нашите ора се претворија во тага. Падна венецот од нашата глава; тешко нам, што згрешивме! Поради тоа и боледува срцето наше; поради тоа и потемнеа очите наши. Бидејќи запусте гората Сион, лисици одат по неа. Ти, Господи, остануваш вечно; престолот Твој е од род во род. Зошто наполно нѐ забораваш, нѐ оставаш долго време? Врати нѐ кон Себе, Господи, и ние ќе се вратиме; обнови ги деновите наши како во старо време. Зар наполно си нѐ отфрлил, зар без мерка си се разгневил на нас?
Прочитај Плачот 5
Сподели
Спореди ги сите верзии: Плачот 5:1-22
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа