Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јуда 1:17-25

Јуда 1:17-25 MK2006

Но вие, возљубени, спомнете си ги зборовите што ги кажаа апостолите на нашиот Господ Исус Христос; тие ви зборуваа дека во последно време ќе се појават подигрувачи, кои ќе постапуваат според своите без­бож­нич­ки желби. Тоа се луѓе што се одделуваат од единството на верата; тие се телесни – и немаат Дух. А вие, возљубени, изградувајќи се во пресветата ваша вера и молејќи се преку Светиот Дух, запазете се во љубовта Божја, оче­кувајќи милост од нашиот Господ Исус Христос, за вечен живот. И така разликувајќи ги, едни милувајте, а други со страв спасувајте, ис­тр­гнувајќи ги од оган и изобличувајќи ги со страв, и гнасејќи се од облеката, ис­по­ганета од телото. А на Оној, Кој може да ве запази да останете безгрешни и без порок, и да ве постави пред славата Своја во радост – на Единиот премудар Бог, нашиот Спасител преку Исус Христос, нашиот Господ, слава и величие, сила и власт преку сите векови, сега и во сите времиња. Амин!