Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исус Навин 9:1-15

Исус Навин 9:1-15 MK2006

Откако слушнаа за тоа царевите, кои беа од оваа страна на Јордан, по планината и рамнината и по целиот брег на Големото Море, па сѐ до Ливан, – Хитијците, Аморејците, Хананците, Перизијците, Евејците и Јевусијците, се собраа сите, за да удрат заедно против Исус и Израел. Но жителите Гаваонски, откако чуја, што му направил Господ на Ери­хон и на Гај, употребија и тие итрина; отидоа и се снабдија со храна за пат и ставија ветви вреќи на магарињата свои и ветви, испокинати и закрпени мевови за вино; и обувките на нозете им беа стари, закрпени, и облеката нивна – ветва; и сиот леб нивни за пат беше сув и мувлосан. Тие дојдоа кај Исус во логорот во Гилгал и му рекоа нему и на сите Израелци: „Ние сме дојдени од многу далечна земја и ве молиме да склучите со нас сојуз.“ А Израелците им одговорија на Евејците: „Вие, можеби, живеете близу до нас; како ќе склучиме сојуз со вас?“ Тие му рекоа на Исус: „Ние сме твои робови.“ А Исус ги праша: „Кои сте вие и од каде сте дошле?“ Тие му одговорија: „Од многу да­лечна земја се дојдени твоите робови во името на Господ, твојот Бог, зашто ја чувме славата Негова и за сѐ што извршил Тој во Египет, и за сѐ она, што им направи на двај­цата аморејски цареви, кои беа од онаа страна на Јордан, на хешбонскиот цар Сихон и на башанскиот цар Ог, кој живееше во Аштарот. Затоа старешините наши и сите жи­тели на нашата земја ни рекоа: земете во рацете свои леб за пат, одете им во пресрет и кажете им: Ние сме ваши робови; па, ако сакате, склучете сојуз со нас. Овој наш леб го зедовме од куќите наши топол во денот, кога тргнавме кон вас, а сега ете, тој се исушил и мувло­сал; и овие мевови со вино, кои кога ги наполнивме беа нови, ете се испокинаа; и овие наши облеки и обувките изветвеа поради многу долгиот пат.“ И родоначалниците го зедоа нив­ниот леб, а Господа не Го прашаа. Тогаш Исус склучи со нив мир и даде завет дека ќе им го зачува животот; и родоначалниците на заедницата им се заколнаа.