Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исус Навин 3:14-17

Исус Навин 3:14-17 MK2006

И така, кога народот тргна од шаторите свои за да го мине Јордан, и свештениците го понесоа ковчегот на заветот пред народот, тогаш, штом оние, што го носеа ков­чегот влегоа во Јордан, и нозете на свештениците, кои го носеа ковчегот, се наквасија во водите на Јордан; а беше време кога Јордан, во текот на целиот период на жетвата на пченицата се из­лева од своите брегови, водата, што течеше одозгора, запре и се претвори во карпа оддалечена на многу големо растојание, кај градот Адам, кој се наоѓа во пределот Царе­тан; а водата што течеше надолу, исте­чуваше кон Арабиското, односно Соле­ното Море, сѐ додека не истече докрај. А народот премина спрема Ерихон. А, свештениците што го носеа ковчегот на заветот Господов, застанаа на суво среде Јордан. И сите синови Израелови преминуваа на суво, додека целиот народ не го премина Јордан.